Тимот на Болоња со 2-0 победи на гостувањето кај Наполи, и составот на Тијаго Мота речиси сигурно следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, во наредните кола треба само формално да го завери местото.
Двата гола на дуелот беа постигнати на самиот старт, во деветтата минута погоди Ндоје, а три минути подоцна Пош ги постави конечните 2-0.
Наполи можеше брзо да се врати во мечот, но Политано не реализираше пенал во 21. минута.