Олимпик Марсеј ја оправда фаворитската улога во мечот против Брест (4-1), па така славеше по три лоши резултати во француската Лига 1.
Герсон по само три минути го пронајде патот до мрежата на Брест, а Милик зголеми на 2-0 во 63. минута. Водството на гостите дополнително го зголеми Херит во продолжение, па стана јасно дека Брест нема што да бара во дуелот.
Брест во 91. минута ја намали негативата на 1-3, но само една минута подоцна во судиското надополнување Марсеј погоди преку Ундер за 4-1.
Марсеј се наоѓа на делба на втората позиција со Ница, односно имаат по 50 бодови, додека лидерот ПСЖ има 65.