Пеп сто минути се тресеше, па влезе во историјата. Пеп Гвардиола несомнено е еден од најдобрите тренери на денешницата, освојува титули со секој клуб кој досега во кариерата го водеше, а после пеколната битка вечерва на „Ванда Метрополитано“, влезе во историјата на Лигата на шампионите откако со Манчестер сити стигна до полуфинале после тешкиот двомеч со Атлетико (1-0, 0-0).
За Гвардиола ова е деветто полуфинале во кариерата и ниту еден друг тренер во историјата нема толку пласмани меѓу најдобрите четири во најпрестижното натпреварување. Со Сити ова му е второ, после ланската сезона во која дојде до финале. А, има четири со Барселона и две титули со Каталонците и уште три полуфиналиња со Баерн Минхен.