Црногорската репрезентативец Стефан Савиќ вечерва на „Ванда Метрополитано“ беше највоинствен, уште од почеток му се намерачи на Фил Фоден, а пред крајот откако Фелипе жестоко стартуваше по што се случи невидена мешаница, „брилјираше“ стоперот на Атлетико Мадрид.
Кого стигна во хаосот, влечеше, што за дрес, што за коса, па стана вирален хит кај сеирџиите. Од неговата нервоза настрада најскапиот премиерлигашки фудбалер Џек Грилиш, кого црногорскиот стопер Савиќ, буквално го искуба.