Големи искри видовме вечерва на теренот на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.

Манчестер Сити успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите бидејќи го победи Атлетико Мадрид со вкупни 1:0 и вечерва успеа да го преживее пеколот на стадионот „Ванда Метрополитано“.

На крајот од натпреварот Атлетико на секој начин се обидуваше да постигне гол кој ќе го одведе натпреварот во продолженија, но Сити ја сочува мрежата и на крајот се пласираше.

Во самиот финиш видовме големи искри на теренот. Се започна кога Фелипе намерно го удри Фоден, а подоцна настана хаос бидејќи и Савиќ сакаше да се пресмета со него.

Фелипе доби црвен картон, а прекинот траеше неколку минути. Како што продолжи натпреварот, дојде до нови судири меѓу фудбалерите на Манчестер Сити и Атлетико.

Голем конфликт видовме во тунелот на стадионот кога Савиќ повторно се скара со играчите на Сити, но овој пат во се се вмеша и резервистот Шиме Врсаљко кој едвај беше сопрен.
https://twitter.com/Watch_LFC/status/1514353988199755777?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514353988199755777%7Ctwgr%5Ehb_1_10%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Fhaos-vo-tunelot-reagirashe-politsijata-vrsalko-frlil-so-shishe-pa-gi-pluknal-chlenovite-na-manchester-siti-video%2F

Како што може да се види на видеото, Врсаљко прво со шише фрлил по еден од членовите на Сити, а потоа се обидел физички да нападне еден од нив.

Откако соиграчите некако го запреа, Врсаљко плукна во правец на играчите и членовите на Манчестер Сити, што беше јасно снимено од камерите.

Потоа настана тотално лудило во тунелот на стадионот на Атлетико Мадрид, а на крајот мораше да реагира и полицијата.