Манчестер Сити беше комплетно надмоќен над Атлетико Мадрид на првиот меч во Англија, но затоа вечерва видовме едно сосема друго лице на доста критикуваниот тим на Чоло Симеоне, кој сериозно го притисна гостинот и беше блиску до гол и израмнување.
По едно бледо прво полувреме во кое не видовме речиси ништо, Атлетико сериозно нападна по извршени пет измени и имаше сериозни шанси да поведе со 1:0 и со тоа да го израмни четвртфиналето.
Сосема некарактеристично, Сити со сите сили се бранеше во одбрана до последен момент, а не му помогна ниту тоа што Фелипе доби црвен картон во 90-та минута. Во овој момент, настан хаос на теренот и натпреварот беше продолжен девет минути, но се играа 13 поради нов прекин на теренот.
Во френетичниот финиш, Кореа пропушти голема шанса во 103-та минута и не успеа да го совлада одлично поставениот Едерсон, кој вечерва беше херој на Сити за пласманот во полуфиналето. Во таа рунда ќе го гледаме и Ливерпул кој вечерва понуди гол-шоу на „Енфилд Роуд“, каде на крајот ремизираше против Бенфика со 3:3.
Фирмино постигна два гола, еден беше дело на Конате, а стрелци за гостите беа Рамос, Јеремчук и Дарвин Нуњез. Во полуфиналето, Ливерпул ќе оди на мегдан на Вилјареал, додека Сити ќе одигра две пресметки со Реал Мадрид.