Бетис стигна до голема победа од 2-0 на гостувањето кај Реал Сосеидад во рамки на 12.коло во Ла Лига. 

Тимот од Севилја трите бода ги обезбеди во последните моменти од натпреварот, кога најпрво за водство од 0-1 погоди Хуан Круз во 86.минута. Во третата минута од судиското продолжение точка на натпреварот стави Борха Иглезијас.

Бетис сега го прескокна Сосиедад на 4.место на табелата со 23 бодови, а тимот од Сан Себастијан сега е на 5.место со бод помалку.