Во спектакл на Стемфорд Бриџ, Челси губеше до 100. минута, па со пресврт го совлада Манчестер Јунајтед.
Пред 9 месеци | Фудбал
Во спектакл на Стемфорд Бриџ, Челси губеше до 100. минута, па со пресврт го совлада Манчестер Јунајтед.
Челси со неверојатен пресврт во судиското продолжение, и головите во 100. и во 101. минута на Кол Палмер, дојде до триумф од 4-3 против Манчестер Јунајтед.
Кол Палмер беше творенц на пресвртот со два гола во фотофиниш од дербито, а на крајот комплетираше хет-трик.
Конор Галахер донесе водство уште во четвртата минута, а Кол Палмер од пенал згоеми на 2-0 во 19.минута.
Сепак, Манчестер Јунајтед возврати силно. Алехандро Гарначо намали, а Бруно Фернандеш успеа да израмни во 39.минута.
Гарначо беше стрелец и за 2-3 во второто полувреме, но Челси направи пресврт длабоко во судиското продолжение, режиран со двата гола на Кол Палмер. Тој во 100.минута од пенал погоди за 3-3, а во следната минута постигна и победоносен гол.