Кошаркарите на Партизан ја прекинаа серијата од осум порази на гостински терен и остана во игра за пласман на десеттото место во Евролигата, кое води во плејинот.
На клучниот натпревар, против Алба во Берлин, „црно-белите“ славеа со 94-83 ќе очекуваат помош од Фенербахче кој игра против својот голем ривал Анадолу Ефес. Во корист на Партизан одиграа Монако кој го победи Жалгирис и Асвел кој оствари сензационална победа на гости кај Валенсија.
Четата на Жељко Обрадовиќ беше во предност во текот на целиот натпревар, највисоката изнесуваше 16 разлика, во финишот од првото полувреме, а Алба само еднаш успеа да израмни (15-15).
Нанали со 19 поени беше најефикасен кај Партизан, а се истакнаа уште Доузер, Пантер и Ледеј кои исто така беа двоцифрени. Јоханес Тиман ја предводеше Алба со 18 поени и 11 скока.
На останатите натпревари, Барселона триумфираше против Макаби Тел Авив со 92-89, додека Асвел приреди изненадување и беше поуспешен од Валенсија на гости со 69-98.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Олимпијакос 86-89
Монако – Жалгирис 69-66
Алба – Партизан 81-92
Барселона – Макаби 92-89
Валенсија – Асвел 69-98