Аргентинецот Мек Алистер беше херој на Ливерпул во дуелот кој почна да се комплицира во второто полувреме, особено откако младиот Бредли си постигна несреќен автогол.
Ливерпул очекувано го совлада Шефилд Јунајтед со 3-1 и се врати на врвот на табелата во Премиер-лигата со два бода предност пред Арсенал. Тимот на Јирген Клоп, сепак, не мина лесно со овој ривал.
Дарвин Нуњез во 17. минута донесе предност за Ливерпул, но на почетокот на вториот дел Конор Бредли си постигна автогол, па триумфот беше загрозен.
Сепак, Алексис Мекалистер во 76.минута постигна прекрасен гол за нова предност, а Коди Гакпо го потврди триумфот во 90.минута.