Унгарската пресметка ја доби Веспрем, а ПСЖ оди на мегдан на Барселона. Веспрем и ПСЖ се последни четвртфиналисти во ЛШ откако вечерва остварија втори победи против своите ривали.

Веспрем беше подобар со Пик Сегед, совладувајќи го на домашен терен со 39-32. Со идентична разлика (37-30), истиот тим славеше и на првиот меч во Сегедин, па денеска само ја потврди својата надмоќ во однос на најголемиот ривал во домашниот ракомет.

Валиупау со осум гола го предводеше Веспрем, а исто толку на спротивната страна постигна Мартинс. Во четвртфиналето, овој тим ќе игра со Алборг кој директно влезе меѓу осумте најдобри.

 

ПСЖ ја победи Висла Плок со 34-33, но тоа не е реален одраз на силите терен бидејќи францускиот тим имаше предност од четири разлика (30-26) од првиот меч. Вечерва ПСЖ водеше речиси цел натпревар, во второто полувреме имаше и +5 (28-23) пред Висла да израмни на 30-30.

Балагер со осум и Шипжак со седум гола беа најефикасни кај ПСЖ, додека Крајевски ја предводеше Висла со осум. Во четвртфиналето следува битка на титаните бидејќи противник на ПСЖ ќе биде Барселона.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Кил – Монпеље
Алборг – Веспрем
Магдебург – Кјелце
Барселона – ПСЖ