ПСЖ со убедлив триумф си замина од гостувањето кај Магдебург, славеше со 22-29 во рамките на третото коло во Лигата на шампиони во групата А. За бундес-лигашот ова беше прв пораз сезонава, додека на другата страна францускиот првак го запиша вториот триумф.
Избраниците на Раул Гонзалес мечот го имаа уште во првото полувреме, имаа предност од 10-18 која не беше тешко да се одржи до самиот крај. Кристопанс, Соле, Шипжак и Пранди беа ударната четворка на гостинскиот состав, постигнаа 20 од вкупните 29 гола на својот тим. На другата страна Магнусон запиша пет погодоци.
Кјелце се издигна по поразот од Барселона и му го нанесе првиот пораз на Алборг, на гостински терен славеше со 28-30 во меч од групата Б. Морито со шест погодоци го предводеше Кјелце до триумфот, зад него со четири погодоци беше Турант, Волф имаше 13 одбрани. Кај Алборг, Хансен стави крај на една долга серија, промаши седмерец после 26 голови во низа од оваа позиција. Зад своето име запиша четири гола од девет обиди, прво име беше Сандел со еден гол повеќе.