Луис Суарез е икона на фудбалот во Уругвај. Еден од најдобрите фудбалери и голгетер во историјата на таа земја. Долги години репрезентативец на репрезентацијата, но сепак по се изгледа дека за Уругвајците најважно е ривалството меѓу Насионал и Пењарол. Токму затоа Суарез е шокиран.Имено фановите на Пењарол ја уништиле статуата со неговиот лик во градот Салто, каде што е роден “Ел Пистолеро“ и само поради тоа што тој сега настапува за Насионал. Проблемот е уште поголем ако се знае дека на таа статуа тој е во дресот на Уругвај.
Неколку учесници на немирите биле уапсени, но сега Суарез не крие дека е згрозен од случката.
А се требало да биде славенички, откако фановите на Пењарол го прославувале 131 роденден на својот омилен клуб.