Младите фудбалери на хрватскиот клуб Хајдук Сплит направија ново чудо и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години. Сплитските „били“ на дуелот во Женева го совладаа Милан со 3-1.
Младинците на Хајдук Сплит финалето на ЛШ ќе играат против холандскиот клуб АЗ Алкмар.
Сплиќаните поведоа со голот на Јере Врчиќ на почетокот на второто полувреме, а Рокас Пуксташ зголеми на 2-0 во 69.минута. Шимун Хрговиќ беше стрелец на третиот гол, а почесниот погодок за Милан беше дело на Кевин Зероли.