Планот е до крајот на оваа година да бидат завршени 60% од капацитетот, додека до почетокот на идната година би можел да биде комплетно завршен. Максималниот капацитет на публика ќе биде зголемен од 99.300 на 105.000.
Освен стадионот се обновуваат и други клупски објекти. Помеѓу нив и арената која е дом на кошаркарите и ракометарите, а се обновува и стадионот „Јохан Кројф“ каде што натпревари игра резервниот тим на Барселона и женската екипа.
Првиот тим на каталонскиот гигант до завршувањето на обновата како што е познато игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“.