Екипите на бразилските Виторија и Крузеиро одиграа 2-2 во натпревар од бразилската Серија А, а средбата мина во знакот на неверојатниот гол на домашниот фудбалер Алерандро.
При резултат 1-0 за Виторија, стоперот на Крузеиро, Жоао Марсело, реагираше лошо и не ја исфрли топката од шеснаесетникот како што сакаше, па таа почна да паѓа на 15-тина метри од голот. Пред да се приземји топката, Алерандро направи вистинска акробација и атрактивно ја шутна топката со популарните ножички. Шутот беше совршен, силен и прецизен, голманот на Крузеиро, Касио, беше немоќен, а публиката и ТВ-коментаторот паднаа во транс.
Уживајте во фудбалското мајсторство на Алерандро: