Столе Димитриевски замина во Валенсија со цел да биде прв голман на овој тим, но тоа нема да се случи затоа што Мамардашвили уште една сезона ќе биде таму.
Грузискиот голман го одбил првичниот предлог на Ливерпул тој да потпише за нив, па да биде пратен на позајмица во Борнмут.
Во подоцнежните преговори било одлучено тој да потпише за Ливерпул, а да остане уште една година во Валенсија каде ќе настапува на позајмица.
Ливерпул за трансферот на Мамардашвили ќе плати 30 милиони евра плус бонуси.