Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа по тешка борба загуби и е елиминирана во првото претколо во квалификациите за УС Опен.
Тетовчанката во Њујорк беше поразена од Џулиа Риера од Аргентина, во дуелот кој траеше час и 36 минути и заврши со 2-0 во сетови. Ѓорческа покажа отпор против фаворитката, меѓутоа немаше сили за изненадување.
Македонката отвори одлично, одзеде сервис и поведе со 3-0, а потоа водеше и со 4-1. Риера се врати на 4-3, но повторно Ѓорческа дојде до двојна предност со брејк (5-3). Сервираше нашата тенисерка за сетот, а тогаш Аргентинката со два брејка дојде до предност. Следеше дванаесеттиот гем во кој Ѓорческа одзеде сервис и избори тај-брејк кој го загуби со 7-4.
Вториот сет беше многу поизрамнет и посигурен за двете тенисерки. Брејкови немаше до осмиот гем, кога Риера ѝ одзема сервис на Ѓорческа и потоа со втората меч-топка дојде до победата.