Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ решија да ја прекинат соработката и тоа во пресрет на мастерсот во Монте Карло, каде што српскиот тенисер ќе се обиде да се врати на победничките патеки по киксовите на Австралија опен и на турнирот во Индијан Велс.
Тој смета дека најдобриот на светот имал одлична причина да го стори тоа.
„Резултатите одлучија. Новак откри дека Иванишевиќ повеќе не може да му го дава потребното внимание. Очигледно е дека тренинзите веќе не беа активни, дека имаше заситеност. Мислам дека Ѓоковиќ донесе добра одлука. Ќе видиме дали сето тоа ќе биде успешно. Мое мислење е дека ќе биде“, изјави Арменулиќ.
Поранешниот Дејвис куп селектор на Србија напомена дека Ѓоковиќ сигурно има кандидат за нов тренер.
„Мислам дека Иван Лендл би бил идеален. Тој е сериозен човек, беше сериозен играч. Тој максимално посветено би ја сфатил својата работа. Ќе му донесе сигурност на Новак, бидејќи и самиот беше таков играч. Од основната линија, Лендл беше крал. Најсигурниот тенисер и денес во тој сегмент од играта. Лендл имаше активна игра од основната линија и таму беше најдобар во светот, на земјена подлога. Мислам дека би можел многу да му помогне на Новак пред Ролан Гарос“, дополни Арменулиќ.