Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска оствари уште една победа на турнирот во Шарм Ел Шеик во Египет, со 2-0 против Италијанката Џулијана Бестети.

Стоилковска го освои првиот сет со 6-1, додека во вториот Бестети даде поголем отпор, меѓутоа тоа не ја спречи Македонката со 7-5 да обезбеди пласман во четвртфинале на турнирот.

Следна противничка на Стоилковска во Египет ќе ѝ биде Дарија Кучер од Полска, која денеска беше подобра од Јуџин Ким со 2-0 во сетови.

Македонката вчера направи вистинска сензација во првото коло кога ја елиминира првата носителка Адитија Карунаратне со 2-1 во сетови.