Екипата на Жирона после три натпревари без победа го совлада Рајо Ваљекано и ја задржа втората позиција на табелата на која привремено се најде Барселона.
Каталонскиот тим триумфираше со 3-0, но до почетокот на судиското продолжение натпреварот беше отворен, а Жирона имаше само минимално водство. Украинецот Циганков прв ја затресе мрежата на Столе Димитриевски во 52. минута, а во 91. и 96. минута погоди бразилецот Савио за убедлив триумф на Жирона.
И со новиот тренер, Рајо Ваљекано не може да дојде до победа, а дуелот беше шести во низа на кој не успеа да триумфира. Последен пат Рајо славеше на 2 јануари на гостувањето кај Гетафе, со 2-0.