Халанд постигна осум гола за само четири дена, а негови жртви беа Лајпциг во Лигата на шампиони и Барнли во ФА-купот, но сега го чека пауза од фудбалот.
„На Ерлинг му е тешко затоа што знае дека не може да им помогне на неговите сонародници. За среќа, во овој тим има доволно самодоверба и талент за да се освојат бодови во следните натпревари“, кажа селекторот на Норвешка.
Засега не е познато колку време ќе паузира, но Халанд дефинитивно ќе го пропушти почетокот на квалификациите за Европското првенство (ЕП)