Откако Пари Сен Жермен одлучи да го оддалечи Килијан Мбапе од првиот тим, додека не се изјасни дали го продолжува договорот со нив, се јавија Ал Хилал и Челзи како заинтересирани клубови кои сакаат да го видат Мбапе во своите редови.
На 31-ви јули, ПСЖ треба да му исплати дури 40 милиони евра за „верност“ на Мбапе, а ако ѕвездата не го продолжи договорот со нив, веднаш уште на 1 август ќе го стават на продажба.
Мбапе денеска попладне треба да тренира, но со оние играчи на ПСЖ кои нема да заминат на турнејата во Јапонија каде тимот ќе игра контролни средби. Мбапе сака да остане во ПСЖ, но без нов договор, тоа нема да биде можно, Катарците инсистираат да го продадат.
Понудата на Челзи би можела да биде привлечна, но сепак Мбапе ако се пресели од Париз, сака да замине само во Реал Мадрид, а се шпекулира дека е подготвен и да не игра цела сезона, но можеби ќе се премисли од лудата понуда на Ал Хилал.
Реал планираше да го земе Мбапе следното лето кога ќе биде слободен, па Ал Хилал со „дрската“ понуда може да им помогне на сите, доколку Мбапе се согласи една сезона да игра во Саудиска Арабија.
Ал Хилал на ПСЖ за Мбапе ќе му понуди 200 милиони евра како отштета, а на фудбалерот ќе му даде неверојатни 400 милиони како плата за една сезона. И сето ова само за тој една сезона да игра кај нив, а следното лето ќе го ослободат и ќе може како слободен да се пресели во Реал.