И после дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид не стивнуваат импресиите од големото дерби, се зборува и пишува за овој дуел. И не е чудно кога ќе се види крвавото стапало на Роберт Левандовски. Играше со многу жар, пожртвуваност, многу голема желба за победа.

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Левандовски, дури по натпреварот во соблекувалната забележа дека неговото стапало е крваво, но и тоа не беше пречка да се прослави победата над најголемиот ривал, победа која многу веројатно значи и титула во шпанската Ла Лига.