Манчестер Јунајтед успеа да остане непоразен на „Вила парк“ ремизирајќи без голови на гости против Астон Вила. Ерик Тен Хаг и фудбалерите треба да бидат задоволни со освоениот бод од денешното гостување.

Челси веројатно не може да биде задоволен од освоениот бод (1-1) на „Стемфорд бриџ“ против Нотингем Форест. Гостите играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џејмс Ворд-Праус во 78.минута, но Челси можеше и да загуби. Во 103.минута, длабоко во судиското продолжение, Роберт Санчез го спаси домашниот тим од пораз со неверојатна одбрана.

 

Најзрелата шанса за Јунајтед ја имаше Бруно Фернандеш, кој од слободен удар го погоди горниот дел од пречката на домашниот гол. Емери го внесе Колумбиецот Џон Дуран, се обиде со два напаѓачи, но не успеа да го „скрши“ одбранбениот ред на Манчестер пред Андре Онана.

Нотингем Форест ја потврди добрата форма сезонава и, по победата на „Енфилд роуд“, „сопна“ уште еден фаворит за највисок пласман. Екипата на Нуно Еспирито Санто ремизираше на „Стемфорд бриџ“ против Челзи (1-1).

По акцијата на Миленковиќ, гостите од Нотингем поведоа со голот на Крис Вуд во 49. минута. Само осум минути траеша водството на гостите, бидејќи по акцијата на Кол ПалмерЧуквунонсо Мадуеке израмни во 57.