Тотенхем славеше над Нотингем Форест, и му избега на Ливерпул на шест бода во трката за ЛШ, после денешното 27. коло во Премиерлигата. Евертон оствари минимална победа над Брентфорд за излез од опасната зона. Челзи триумфираше на гости кај Лестер.

Двајт Мекнил е херојот на „карамелите“, кој даде гол уште во првата минута и на крај Евертон со тој погодок минимално славеше со 1-0 против Брентфорд. Евертон сега има 25 бода, на 15-то место, со еден предност пред Лестер и Бормут, а два над зоната за испаѓање во која Лидс и Вест Хем имаат по 23, а последниот Саутемптон е на 21 бод.

Челси го победи Лестер на гости со 3-1 откако Бен Чилвел и Каи Хаверц дадоа два гола во првиот дел, а Дака успеа  да изедначи.  Матео Ковачиќ на асистенција на Михајло Мудрик  стави печат на победата во 78-та минута од натпреварот.

Тотенхем со 3-1 го победи Нотингем Форест, а два гола во првото полувреме постигна Хери Кејн и ја најави победата, а јужнокорејската ѕвезда Сон го завери триумфот со голот по еден час игра.

Лидс и Брајтон ремизираа 2-2 во последниот денешен натпревар од редовната програма.