По првото полувреме во кое мируваа мрежите, грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија со неколку дриблинзи им ја „скрши кичмата“ на гостинската одбрана, и ја испрати топката во мрежата на Мусо за водство од 1-0 во 60. минута.
Само неколку минути подоцна во игра влезе Елмас, кој во 77. минута му асистираше на Рахмани од корнер за предност од 2-0 на Наполи и заверка на триумфот.
Наполи има 68 бодови на првата позиција, односно 18 повеќе од второпласираниот Интер.