Новиот тренер на Астон Вила, Стивен Џерард отворено зборуваше за исклучително тешката ситуација, која настана по повод пандемијата.
„Разговорите со Премиер лигата се во тек. Во овој момент, ние сме подготвени да играме. Секако дека ситуацијата е деликатна, ги чекаме резултатите од ПЦР тестовите, досега се беше во ред.“ – изјави Џерард и потоа додаде:
„Мораме да им веруваме на луѓето кои носат одлуки. Морам да го подготвам тимот најдобро што можам. Сите сакаме натпреварувањето да продолжи. Има многу грижи, многу прашања. Премиер лигата закажа состанок. Тестовите се прават секојдневно, PCR два пати неделно. Засега имаме тим, сакаме да играме. Но, всушност се плашам да го погледнам мојот телефон, бидејќи секој повик може да биде од лекар, кој сака да ми каже дека ситуацијата е променета“.