На денешен ден пред 32 години белградска Црвена звезда го победи Баерн во Минхен во првиот полуфинален меч од Купот на шампионите.
Тоа е еден од најзначајните натпревари во историјата на Црвена звезда, Баерн Минхен водеше со 1-0, но црвено-белите направија пресврт и победија со 2-1.
Пред крајот на првото полувреме Црвена звезда изведе една легендарна контра. Радиновиќ му додаде на Белодедиќ кој го проигра Просинечки, Хрватот со фантастичен пас го проигра Биниќ, а тој асистираше до Панчев, а нашиот Македонец беше непогрешлив од тие позиции и донесе израмнување на 1-1.
До крајот на натпреварот гол постигна и Савичевиќ за победа на Црвена звезда од 2-1. Во реваншот беше 2-2. Југословенскиот шампион се пласираше во финалето каде го победи Олимпик Марсеј на пенали и го освои шампионскиот пехар и титулата првак на Европа.