Натурализираниот македонски репрезентативец Итан Хап и на вториот натпревар во црвено-жолтиот дрес беше на високо ниво и еден од најдобрите играчи во тимот.
По натпреварот Американецот кој игра за Гран Канарија, не го криеше своето воодушевување од играта на Нено Димитријевиќ со кого го наполнија противничкиот кош.
„Селекторот одлично не подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа.
Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел за денешната победа“, рече Хап.