Далас во екипата на Бруклин ги испраќа Дориан Фини-Смит и одличниот Спенсер Динвиди, како и првиот пик на НБА-драфтот во 2029 година.
Преговорите меѓу екипите се воделе неколку дена, а конечно денес паднал договор за Ирвинг за кој интерес покажа и Лос Анџелес Лејкерс.
Ирвинг одигра помалку од 150 меча во последните четири сезони, а една од причините беше тоа што не е вакциниран против ковид-19, меѓутоа во просек постигнува по 27 поени, пет скокови и пет асистенции по меч и сигурно ќе биде големо засилување за Далас.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1622325450507980801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622325450507980801%7Ctwgr%5Ef4f8fca4d2b1862d9fdad82aa74beffe03b58e56%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fdonchikj-dobiva-drushtvo-dalas-se-zasili-so-irving