Српскиот кошаркар Стеван Јеловац почина како последица на мозочен удар.
Оваа вест ја потврди неговиот клуб АЕК од Атина.
Јеловац доживеа мозочен удар на 14 ноември за време на тренинг и оттогаш траеше неговата борба за живот.
Пред неколку дена беше префрлен во Србија, по барање на семејството, но лекувањето во родната земја не му успеа.
Во кариерата настапуваше за Мега, Црвена Звезда, Анталија, Касерта, Лијетувос Ритас, Сарагоса, Нижни, Бамберг, Газиантеп, а во АЕК пристигна од Јапонија.
Тој беше репрезентативец на Србија, за која дебитираше на 28 години и и помогна на репрезентацијата да се пласира на Светското првенство во 2019 година.