Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија со победа ја почнаа новата европска сезона. Во 1. коло од Евро Купот, Валенсија на домашен терен славеше против грчки Прометеј со 92:82.
Нашиот репрезентативен „плеј“ одигра нешто повеќе од 20 минути за својата екипа и придонесе со 9 поени во победата, два скока и дури 11 асистенции и за малку не оствари дабл дабл учинок.