Во третото коло од групата Д од Лигата на шампионите, Реал Мадрид забележа висока победа со резултат 5: 0 на гостувањето кај Шахтјор. Играч на натпреварот беше Винисиус Јуниор , со два гола и една асистенција. ж

Очекувано, Реал доминираше од стартот и лесно ја префрлаше играта на половина од Шахтјор. Во 19 -та минута одбраната на Украинците го блокираше ударот на Касемиро во последен момент.

Реал конечно го проби ѕидот на Шахтјор во 37. минута со ефектен автогол кој не се гледа секој ден. Лукас Васкез нафрли по десната страна, но Кривцов со волеј удар место да ја исфрли топката го лобуваше голманот Трубин за 0:1 .

Првиот дел од натпреварот го одбележа целосната доминација на Кралскиот клуб, Шахтјор воопшто не се закани кон голот на Куртоа.

Во второто полувреме, домаќинот се одлучи за малку погруба игра, така што ги видовме играчите на Реал на тревата неколку пати .

Погрубиот пристап не вроди со плод, бидејќи во 51 -та минута Реал го зголеми водството.  Бензема се проби од лево кон казнениот простор,го пронајде Модриќ, а Лука во негов стил од прва го проигра Винисиус, кој мајсторски го префрли Трубин за 0: 2. Младиот Бразилец ја игра сезоната на својот живот и е се подобар реализатор .

Пет минути подоцна повторно аплаузи за Винисиус. Голот за 0: 3 беше чиста уметност. Ја доби топката од Бензема, издрибла неколку играчи на Шахтјот на мал простор и мајсторски стрелаше за 0:3

Во 65. минута Винисиус е во улога на асистент , а топката ја заби во мрежата другиот млад Бразилец, Родриго – 0: 4.

Две минути подоцна, за прв пат, домаќините посериозно се заканија, но Куртоа се истакна со двојна одбрана. Мечот беше мирно доведен до крај, Реал ја држеше топката, а Шахтјор не можеше ништо друго освен да направи уште неколку фаули.Конечниот резултат го постави Бензема во судиското продолжение, после одличниот центаршут на Марко Асенсио .

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=-xdvIdRaXOY

Навивачите на Реал Мадрид можат да бидат многу задоволни, пред претстојното Ел Класико нивниот тим, а особено нападот, изгледа навистина добро.

Во вториот натпревар од оваа група Интер победи против Шериф со резултат 3: 1