По речиси една деценија отсуство од Евролигата, Партизан наесен се враќа во елитното европско друштво!
Оваа информација ексклузивно ја објави „Спортски журнал“ во своето издание , па следната сезона ќе имаме можност да го гледаме дербито меѓу Црвена Звезда и Партизан и во Евролигата.
Навивачите на Партизан беа разочарани по поразот на нивниот тим во финалето на плејофот на АБА лигата од Црвена звезда, со што со тој триумф обезбедија повторно место во Евролигата, но Партизан ќе пополни едно од двете празни места поради суспензијата на руски клубови. Освен Партизан, се очекува таму да биде и шпанска Валенсија која би го комплетирала списокот од 18 учесници во Евролигата следната сезона.
Тој список би изгледал вака: Ефес, Фенербахче, Армани, Виртус, Реал, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Асвел, Монако, Баерн, Алба, Макаби, Жалгирис, Црвена Звезда, Партизан, Валенсија (?).