„Коњаниците“ со ова влегоа во историјата на најсилната лига на светот и тоа како 12. тим кој успеал да ја започне сезоната со 11 победи по ред. Натпреварот беше особено возбудлив со постојани промени во водството, но домашниот тим ја обезбеди победата благодарение на доминантната игра во третата четвртина, која ја доби со 35-18. Мобли се истакна со 23 поени и 16 скока, а веднаш зад него беше Мичел со 22 поени. Во таборот на „мрежичките“, пак, најдобар беше Џонсон со 22 поени.
На останатите натпревари, Јута џез го совлада Сан Антонио спарс (111-110), Чикаго булс беше подобар од Атланта хокс (125-113), додека ЛА клиперс дојдоа до триумф во пресметката со Торонто репторс (105-103).