Кошаркарите на европскиот шампион Реал Мадрид триумфираа против грчкиот Олимпијакос со 87-76 и се пласираа во финалето на Евролигата, каде што ќе се судрат против уште еден грчки тим, Панатинаикос.
„Кралскиот клуб“ имаше моќен старт на натпреварот и водство од 28-10 по првата четвртина, а предноста до полувреме се зголеми на 56-37.
Олимпијакос заигра за нијанса подобро во вториот дел и намали на девет поени негатива (67-76) на стартот на последната четвртина. Реал Мадрид, сепак, не дозволи драма во завршницата и на крајот славеше со 87-76.
Најефикасен во победничкиот состав беше Муса со 20 поени, три скока и две асистенции, додека Питерс постигна 23 поени и 10 скокови за Олимпијакос.
Најефикасен кај Реал беше Муса со 20 поениби Хезоња со 12 поени, додека кај Олимпијакос, Питерс даде 23 поени и 10 скокови, а Мекисик заврши со 17 поени.
Финалето меѓу Реал Мадрид и Панатинаикос се игра во недела од 20:00 часот, а претходно Фенербахче и Олимпијакос ќе играат за третото место.