Ова го објави заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кој истакнал дека престолнината добро финансиски профитирала од орагнизацијата на фајнлфорот, а од 20-те илјади странски навивачи, повеќе од половина беа Грци, односно навивачи на Олимпијакос, чија бројка според информациите на српските медиуми се движела од 12 до 13 илјади.
Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид со 58-57 во финалето, а Барселона го освои третото место на годинешниот турнир. Ова беше втор Ф4 во Белград во Евролигата, после тој во 2018 година.