Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс беше прогласен за МВП-играч во полуфиналето на Еврокупот, откако му помогна на Париз да избори пласман во големото финале.
Шортс на двата полуфинални натпревари против Лондон беше одличен и имаше просек од 22 поени, шест асистенции и четири украдени топки.
Репрезентативецот на Македонија досега доби пет вакви признанија и се запиша во историјата бидејќи претходно никој друг не бил избран повеќе од три пати за МВП во сезоната.