Вистински хаос настана поради пенал за екипата на Царско село на мечот со Локомотива. Играчите се расправаа кој да го изведе ударот од белата точка, дури и за малку ќе се степаа, па на теренот влезе и првиот човек на Царско Село, Маналов и интервенираше.

Судијата и обезбедувањето едвај го тргнаа од теренот. Но, тука не завршуваат урнебесните моменти, играчот за кој и првиот човек на клубот се бореше да изведува удар од белата точка го промаши истиот, а неговиот тим беше елиминиран од лигата.

Фудбалерот кој го шутираше пеналот е Мартин Кавдански, екс-фудбалер на Шкендија, играше во 2014 година.