Од таборот на Реал Мадрид во моментов се насочени кон најважниот натпревар оваа сезона, финалето од Лигата на шампионите против тимот на Ливерпул.
Откако ја обезбедија титулата во Шпанија, „кралевите“ може да се насочат кон подготвување на натпреварот со англискиот тим, а управата пак кон средување на договорите на играчите кои во моментов го носат дресот на клубот.
Таква е ситуацијата со играчот кој е миленик на фановите на Реал Мадрид, Лука Модриќ кој наскоро ќе го продолжи договорот.
Како што пишува Фабрицио Романо, само прашање на време е кога хрватскиот репрезентативец ќе ја продолжи соработката со клубот.
Целокупната документација веќе била подготвена, и Модриќ следниве денови ќе стави потпис на договор кој ќе го задржи на „Бернабеу“ до 2023 година.