Серија А, четврто коло: Удинезе – Наполи, 20:45 часот
Италија е преокупирана со кризата на Јувентус, а Наполи е под радарот бидејќи сеуште нема изгубено ниту бод. Наполитанците изгледаат добро, одиграа квалитетен натпревар и во текот на неделата во Европската лига на гости кај Лестер и заминуваат во Удинезе со амбиција да ги земат сите три бода.
Стартот на Удинезе исто така е добар, има две победи и нерешен резултат, реми со Јувентус во првото коло а забележа уште две победи против Специја и Венеција.
Традицијата не оди во прилог на Удинезе, кој загуби дури десет од последните 11 меѓусебни натпревари против тимот од Удине. Еден меѓусебен дуел во тој период заврши нерешено 1: 1, а Удинезе последен пат славеше во април 2016 година. Илија Несторовски ќе го пропушти и овој натпревар за Удинезе после тешката повреда на коленото додека Ељиф Елмас се очекува да добие минутажа во дресот на Наполи .