„Имаме квалитет и сила за да ги добиеме следните два меча на репрезентацијата. Ние не сме тим кој треба да се плаши од тимови како Македонија или Грузија. Изминатите години беа тешки за нас, не победувавме, меѓутоа сега се надевам дека работите ќе се променат и ќе ја вратиме славата на Бугарија. Го заслужуваме тоа“, изјави бугарскиот репрезентативец Филип Крастев за бугарските медиуми, запрашан за претстојните мечеви во Лигата на нации.
На 2 јуни во Разград ќе се соочат репрезентациите на Бугарија и Македонија во рамките на 1 коло од групната фаза на Лигата на нациите.
Инаку, Филип Крастев е фудбалер на Манчестер Сити, кој игра како позајмен во Левски.