Арсенал за малку не успеа да обезбеди настап во Лигата на шампионите, па затоа на лето следи дополнително засилување на редовите.
За нив интересен е Алваро Мората, кој што не е посакуван од Јувентус, каде што играше изминативе две сезони на позајмица, како и Атлетико Мадрид, клубот со кој има важечки договор.
Јуве не беше заинтересиран да ја откупи клаузулата од 30 милиони евра, додека според некои информации, Атлетико би се согласил и на поевтина продажба се со цел да се ослободи буџетот на тимот.
Во својата кариера, шпанскиот репрезентативец играше и за Реал Мадрид и Челзи, а за Јуве во последниве две сезони забележа 67 настапи и даде 20 погодоци.