Секоја земја си има свое големо дерби, а во Албанија тоа е мечот меѓу Партизани и Тирана, лути ривали од главниот град на нашиот западен сосед. Вчера се одигра овој меч, победија “гостите“ со 0:2, а откако судијата означи крај, фудбалерот на победничкиот тим Алекси го зема знамето на тимот за кај што настапува од своите фанови, истрча на средината од теренот и почна да го вее. По тој негов потег зовреа страстите. Веднаш по тоа истрчаа неколку играчи на поразениот тим, фанови од трибините, но за среќа сепак се добро се заврши и без поголеми инциденти. Иако еден од фановите му го зема потоа и тој го заби со дршката на центарот од теренот.
Да кажеме дека на овој меч и во двете екипи имаше наши играчи.
За Партизани настапија Реџепи и Цветаноски, на клупата остана Атанасковски, додека кај Тирана играше Тошевски а на клупата остана Исени.