Нашите интернационалци, репрезентативците Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот тим Динамо Загреб на стартот на оваа сезона испишаа историја.
Во првите единаесет кола Динамо има десет победи и само едно реми, што е најдобар старт на сезона во историјата на клубот. Единствен кој досега му одолеа на атаците на неприкосновениот владетел на хрватскиот шампионат во изминатата деценија е тимот на Вараждин со кого „сините“ одиграа 1:1.
Ристовски и Адеми секако се стандардни и незаменливи на своите позиции, а и во Европа, тимот на Динамо засега цврсто гази оваа сезона.