Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе биде домаќин на пресметкаа меѓу Италија и Италија во полуфиналниот бараж меч за пласман на Светското првенство во Катар во ноември и декемви оваа година.
На легендарниот стадион, кој во минатото беше дом на двајца македонски фудбалери, вечерва на терен ќе истрача само еден. Илија Несторовски не доби повик Благоја Милевски. Селекторот ја образложи оваа одлука, велејќи дека искусниот напаѓач не е во натпреварувачки ритам и има одигра само неколку минути оваа сезона. Несторовски жали што не е во можност да ѝ помогне на својата селекција.
„Жал ми е, но животот оди понатаму. Се надевав дека ќе бидам во списокот за овој натпревар, дека ќе се вратам во градот каде што играв. Минав три години во Палермо и сакав да играм, ова е натпревар на животот, ама не добив повик.
Се надевам дека Македонија ќе слави на крај, моите колеги се многу концентрирани, ја знаат добро Италија, ги знаат фудбалерите, знаат кои им се карактеристиките“, рече Несторовски.
За разлика од Несторовски во Сицилија се враќа Александар Трајковски, исто така екс член на Палермо, кој многу веројатно и ќе стартува од првата минута.