Лондонските сини потрошија над милијарда фунти на нови играчи во последните три преодни рока, но немаат квалитетен голгетер и често се мачат пред противничкиот гол.
На листата со желби има неколку имиња, а последните информации говорат дека се заинтересирани за ангажман на Артем Довбик од Жирона.
Украинскиот напаѓач прикажува одлични партии оваа сезона, постигна 11 голови и забележа 5 асистенции на 17 натпревари во Ла Лига, и одигра важна улога во изненадувачката сезона на „бело-црвените“, кои долго време беа лидери на табелата и во моментов се на делба на првата позиција со Реал Мадрид.
Артем Довбик е добар пријател со Михајло Мудрик, двајцата имаат ист агент и разговараат секој ден. Се зборува дека трансферот може да биде вреден помеѓу 40 и 45 милиони евра.