Официјално нашиот Милан Ристовски направи трансфер во првиот ден од новата година. Македонскиот напаѓач, Ристовски е промовиран како ново засилување на Бохемијанс Прага, тој доаѓа од екипата на словачкиот Спартак Трнава.
Ристовски од словачкото првенство се сели во Чешка. Од денеска тој е фудбалер на Бохемијанс.
„Репрезентативецот на Македонија, Милан Ристовски е нов фудбалер на Бохемијанс. Тој доаѓа од Спартак Трнава“, стои во соопштението на чешкиот клуб.
Трансферот го потврди и Спаратк Трнава која се збогува со својот напаѓач.