Ѓорѓев се наоѓа во голгетерски ритам и потврда за тоа е што на три средби во низа постигнува гол со тоа што овојпат истиот беше вреден три бода, бидејќи беше единствен на средбата.
Никола беше стрелец во 69 минута на асистенција на Фазлиу, односно со ова го донесе 12. сезонски триумф на Арау.
Некогашниот младински репрезентативец има постигнато осум гола и седум асистенции во досегашниот дел на шампионатот.